дома Без филтер FT за протестите во Србија: Најголемата криза во мандатот на Вучиќ

FT за протестите во Србија: Најголемата криза во мандатот на Вучиќ

Српските полицајци интервенираа за да го прекинат судирот меѓу поддржувачите на владејачката партија и антивладините демонстранти во Белград,

Антивладините протести во Србија станаа насилни во среда, откако поддржувачите на претседателот Александар Вучиќ се судрија со демонстрантите кои бараат промена на режимот од ноември, продлабочувајќи ја најголемата криза во неговиот мандат, објавува Financial Times.

 

 

Солзавец беше испукан врз демонстрантите во Белград, а наводно насилници вооружени со палки ги претепаа антивладините активисти кои се приближија до канцелариите на владејачката партија. Во Нови Сад, видео снимките покажаа истрели во воздух.

Десетици демонстранти и полицајци наводно биле повредени по бранот протести во градовите низ целата земја.

„Вечерва, властите конечно се обидоа да предизвикаат граѓанска војна“, објави на социјалните мрежи студентска група што ги организира демонстрациите, обвинувајќи ја полицијата дека ги штити лојалистите на режимот кои пукаа со огномет и носеа оружје кон демонстрантите. „Нема да им дозволиме да продолжат да уништуваат човечки животи! Заедно, до победа, сите на улица!“


Најновите судири се ескалација на немирите што започнаа минатата година, кога се урна кров на железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, откривајќи го она што многумина го сметаат за корупција на владата и дисфункција на државата, зголемувајќи го притисокот врз Вучиќ, објавува FT.

Протестите прераснаа од студентски протести во движење кое собра стотици илјади граѓани претходно оваа година. Но, тие веќе не се толку воздржани како кога студентите повикаа на мир – што аналитичарите предупредуваат дека ја зголемува можноста за ново насилство.

Протестите во среда беа организирани како одговор на инцидентите во Врбас во вторник, каде што, како што може да се види на снимката, поддржувачите на владата фрлаа ракети, камења и шишиња кон демонстрантите пред канцелариите на владејачката партија, додека демонстрантите возвратија на оган со разни предмети.

Вучиќ повторно ги обвини учесниците во антивладините протести дека дејствуваат по наредба од неименуван странски извор, тврдење што не го поткрепи со докази.

Во телевизиско обраќање доцна во ноќта, тој ја заостри својата реторика, обвинувајќи ги за „организирање за тепање и убивање“ на поддржувачи на режимот, коментора  FT.

„Никогаш не сме помислиле да ја внесеме војската, ниту пак има потреба од тоа. Нема да има граѓанска војна. Ги поканувам да седнат и да разговараат“, рече Вучиќ. „Улиците на Белград, а наскоро и на Нови Сад, се чистат од тепачи. Нема да има милост за тепачите и хулиганите“.

ЕУ и западните партнери ги повикаа двете страни да покажат воздржаност и Вучиќ да го почитува правото на слобода на изразување, но тие не интервенираа, што ги фрустрира противниците на режимот во Србија. Вучиќ, како и неговиот близок сојузник Владимир Путин, го обвини Западот за поттикнување на протестите, објавува ФТ.

Милош Дамњановиќ од БИРН вели дека протестите биле поттикнати од низа погрешни пресметки од страна на претседателот. Според него, не би било во интерес на Вучиќ да распише избори пред уставниот рок 2027 година.

„Тешко е да се види зошто Вучиќ би распишал предвремени избори што не му се потребни во време кога популарноста на неговата партија СНС е на најниска точка“, рече тој. „Ако изборите се одржат, тоа би можело да биде уште еден погрешен чекор“, изјави тој за „Фајненшл тајмс“.

ПредходнаКлиматските промени ги интензивираат топлотните бранови и пожарите во Европа
СледнаДемонстрантите ги демолираа просториите на СНС во Нови Сад