Синоќа, трета ноќ по ред, во неколку градови во Србија се одржаа протести против режимот.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека за време на вечервашните протести имало драстично кршење на јавниот ред и брутален напад врз полицијата, и дека, според моменталните податоци, повредени се шест полицајци.
Дачиќ на прес-конференција изјави дека синоќа биле уапсени 38 лица.
Тој истакна дека полицијата го воспоставила јавниот ред и мир, кој бил нарушен со нападот врз полицијата на улицата Кнеза Милоша, и дека разбила групи демонстранти.
Тој прецизира дека во изминатите четири дена биле повредени 127 полицајци,
Министерот ги повика сите да останат смирени и рече дека полицијата ќе го одржува јавниот ред и мир.
Дачиќ рече дека сите можеле да видат, вклучително и на опозициските телевизиски канали кои, како што изјави, поттикнуваат демонстрации, дека имало брутален напад врз полицијата и дека блокадите дошле со намера да ги повредат полицајците.
Според него, демонстрантите запалиле и околу сто контејнери, а во преносот во живо можело да се види дека нападот го започнале со пиротехнички средства, каде што биле запалени и дрвја на улицата Кнеза Милоша.
„Беше видливо и јасно дека вечерва немаше поддржувачи на СНС, но тоа не ги спречи демонстрантите да ги нападнат тие простории низ цела Србија, а на некои места беа нападнати и простории на СПС“, истакна Дачиќ.
Како што изјави тој, јасно е видливо дека немало причина за нападот врз полицијата и дека демонстрантите дошле со желба да се случи конфликт, додавајќи дека полицијата застанала.
„Тие ја нападнаа полицијата, полицијата мораше да употреби сила и да воспостави јавен ред и мир“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека екипата на ТВ Информер била нападната во Нови Сад и дека во таа пригода биле уапсени две лица, и додаде дека имало и нарушувања на јавниот ред и мир во Чачак.




