дома Свет Двајца загинати при уривање на фестивалот на пиво во Сечуан

Двајца загинати при уривање на фестивалот на пиво во Сечуан

Две лица загинаа, а тројца се сериозно повредени откако се урна решеткаста конструкција за време на фестивалот на пиво во Мианџоу, покраината Сечуан во југозападна Кина, поради лоши временски услови, соопштија локалните власти утрово.
Инцидентот се случил синоќа, а локалното биро за управување со вонредни состојби денес ги потврди деталите за несреќата преку својот официјален WeChat профил, објави „Глобал тајмс“.
Според извештаите, лошите временски услови довеле до ненадејно уривање на структурата на местото на фестивалот.
Веднаш по инцидентот започнала итна операција за спасување, а на повредените им била укажана медицинска помош.
Властите започнале истрага за да се утврди точната причина за уривањето.

ПредходнаТрамп му предаде на Путин лично писмо од сопругата Меланија
СледнаЦвета Ристовска која го водеше предметот за директорот на АНБ избрана за заменик на ДКСК