Гари Литл, познат шкотски комичар, почина на 61-годишна возраст. Комичарот, кој стекна голема слава во Шкотска трагично загина додека планинарел. Причината за неговата смрт сè уште не е откриена, пишува „Дејли мејл“.
Колегата комичар Кевин Бриџис се збогува со Гари на социјалните мрежи. Тој напиша: „Почивај во мир, голем Гари, многу тажна вест.“
Во објава на Инстаграм, клубот „Стенд“ во Глазгов се збогува со големиот уметник.
„Со скршено срце ја примивме веста дека големиот Гари Литл е пронајден мртов. Тој беше неверојатен комичар, голем човек и прекрасен пријател на многумина. Останавме без зборови. Многу ќе ни недостига Гари. Нашите мисли се со неговото семејство и пријатели. Вечерва ќе има многу комичари кои ќе размислуваат за него, ќе раскажуваат приказни и ќе креваат чаша во негова чест. Тој би го обожавал тоа“, пишува во објавата.
Гари Литл стана познат на почетокот на 2000-тите, кога стигна до финалето на стендап натпревар организиран од „The Stand comedy club“. Литл беше страствен планинар и голем љубител на кучиња. Тој често одел на планинарење со своето милениче, споделувајќи фотографии и видеа од планинските врвови во Шкотска на Инстаграм.