дома Свет Читачите на усни откриваат што разговарале Путин и Трамп на почетокот на...

Читачите на усни откриваат што разговарале Путин и Трамп на почетокот на состанокот

Првата средба меѓу претседателите на Русија и САД, Доналд Трамп и Владимир Путин, се одржа во воената база Елмендорф во Анкориџ, Алјаска, а според читачите на усни, двајцата лидери разменија пораки за време на поздравувањето што укажуваат на можен пресврт во украинската криза, објави Дејли Меил.

Штом Путин излезе од авионот, Трамп го поздрави со зборовите: „конечно“, по што следеше краток, но симболичен разговор во кој двајцата изразија подготвеност за меѓусебна соработка, објави весникот.
„Тука сум да ви помогнам“, рече Путин, на што Трамп одговори: „Ќе ви помогнам“.
Потоа Путин додаде дека „ќе ја смири ситуацијата ако биде замолен“, а Трамп одговори: „Се надевам“, поканувајќи го рускиот претседател заедно да се упатат кон возилото.
Читателите на усни рекоа дека се снимени и реченици чие значење е нејасно – Трамп го праша Путин: „Дали сакате експлозија“, на што рускиот лидер одговори: „Дајте ми експлозија“ – Трамп додаде: „Тоа е гориво за товарот“.

За време на нивното заедничко појавување пред камера, Трамп му предложи на Путин да се ракува „затоа што остава добар впечаток“, што рускиот претседател го прифати.

Путин не одговори на прашањата на новинарите за Украина, додека лидерите се упатија кон формалниот дел од состанокот, каде што им се придружија американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф, како и руски претставници.

Пред самитот, Трамп рече дека неговата цел е да „го запре убивањето“, но не можеше да прецизира кога може да се постигне прекин на огнот.

„Не знам дали ќе биде денес. Но, нема да бидам задоволен ако ништо не се случи“, рече Трамп од претседателскиот авион, предупредувајќи дека ако не добие конкретни одговори, „ќе бидат неопходни последици“.
На прашањето дали се однесува на нови санкции или трговски мерки, Трамп одговори остро: „Не морам да кажам. Ќе има многу сериозни последици“. Тој додаде дека се надева на уште еден состанок наскоро, потенцијално со присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ПредходнаISW: Средбата во Алјаска – нема резултат и нема промена
СледнаБорбата против режимот на Вучиќ не запира , како и апсењата и судирите на Дачиќ