Принцот Вилијам и принцезата Кејт се подготвуваат за голем чекор во нивниот живот – преселба во Форест лоџ, нивниот нов дом во срцето на Големиот парк Виндзор.
Тоа претставува значајна промена за семејството од пет члена кое ќе се пресели во својот нов дом пред крајот на годината.
Преселбата во Форест Лоџ претставува повеќе од само промена на адресата за принцот и принцезата од Велс. По турбулентна година обележана со смртта на кралицата Елизабета Втора и дијагнозите за рак што ги погодија и кралот Чарлс и принцезата Кејт, ова преселување симболизира нов почеток и враќање во нормалниот живот.
Сегашниот дом, Аделаида котиџ, доста добро му служи на семејството на принцот од Велс од 2022 година, обезбедувајќи им дом во Виндзор каде што нивните деца – принцезата Шарлот, принцот Џорџ и принцот Луисм го посетуваат блиското училиште Ламбрук. Сепак, куќата има само четири спални соби, додека Форест лоџ нуди двојно поголем простор, осум спални соби, поточно.

Семејството на Кејт и принцот Вилијам претпочита семеен дом пред традиционалниот начин на живот во палатата. Тие планираат да ја одржат својата традиција да нема персонал кој ќе живее со нив во Форест лоџ, што секако го зголемува чувството на нормален семеен дом.
Имотот, кој некогаш беше достапен за изнајмување за 15.000 фунти месечно, сега се проценува на околу 16 милиони фунти. Форест лоџ ќе стане семеен комплекс што ќе ја комбинира старомодната елеганција со модерните потреби на младото кралско семејство, обезбедувајќи им стабилност и мир што ги бараат по години предизвици.