дома Свет Балкан „Почело је“, синоќа во Србија тепања, палења, апсења , солзавци и шок...

„Почело је“, синоќа во Србија тепања, палења, апсења , солзавци и шок бомби

  Судирите помеѓу антивладините демонстранти и полицијата од синоќа во Србија,со друга жестина. Дефинитивно се понасилни и полицијата со поконкретни насоки за тепање на демострантите кои исто така визвраќаат на бруталноста .

СИноќа повторно беа запалени простории на владејачката Српска напредна партија (СНС). Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ кажа дека имало драстично нарушување на јавниот ред и мир, брутални напади врз полицијата, демолирања и палежи, при што се уапсени 18 лица, а еден полицаец е повреден.

„Најмногу инциденти имаше во Ваљево, Белград и Нови Сад, но јавен ред е воспоставен во трите града“, изјави Дачиќ.

Најжестоко беше во Ваљево, каде што имаше бројни инциденти, при што се демолирани просториите на СНС и оштетени се згради на државни институции. Полицијата употреби шок-бомби и солзавец против мала група маскирани лица кои фрлаа пиротехника кон празните простории на СНС, каде што избувна пожар, кој брзо беше изгаснат.

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека протестите во Србија стигнале до „фаза на тепање“.

„Маските паднаа. Нервозата и хистеријата им се сѐ поголеми, а насилството сѐ поизразено зашто немаат што друго да понудат. Доаѓа времето на одговорност и сите овие кои палеа и уриваа ќе одговараат и ќе бидат казнети за своите злосторства“, кажа Вучиќ на Инстаграм.
За разлика од претходните денови, протестите во Белград не беа организирани во центарот на градот, туку на две локации: кај Општината Нови Белград и во Земун. Демонстрантите блокираа кружен тек, а полицијата околу 21 час интервенираше кај седиштето на СНС (Српска напредна странка), каде дојде до судири и беа слушнати и топовски удари.

Во Земун, група млади демонстранти разбија прозорци на просториите на Српската радикална странка (СРС), која се смета за матична на актуелната владејачка СНС. Протестната колона потоа се упати кон Нов Белград, со намера да се обедини со другата група демонстранти и да продолжат кон просториите на СНС на улиците Џона Кенеди и Палмира Тољати.

Нови Сад – конфликти во близина на судот и универзитетскиот кампус

Во Нови Сад, демонстрантите се обидоа да стигнат до зградата на судот, во знак на поддршка за уапсените студенти од претходните денови. Полицијата ги потисна кон студентскиот кампус, при што дојде до напната ситуација и вербални конфликти. Студентите извикуваа дека е нарушена автономијата на универзитетот и пееја протестни песни.

Во исто време, демонстрантите фрлаа камења врз просториите на Покретот социјалиста и Српската радикална странка на Булеварот Михајла Пупина. Полицијата одговори со дополнително потиснување на насобраните.

До овој момент, според извештаите, во судовите во Нови Сад се сослушани десетмина уапсени, од кои шест се задржани во притвор, а четворица се пуштени на слобода. Распитите продолжуваат, а се појавуваат и информации дека полицијата се насочува кон Полjопривредниот факултет.

Повеќемесечните протести против корупција, предводени од студентите, беа главно мирни до минатата среда, кога избија првите судири помеѓу демонстрантите и поддржувачите на Вучиќ, кој продолжува да обвинува неименувани странски сили за ситуацијата во Србија.

Руското министерство за надворешни работи му ја понуди својата поддршка на Вучиќ.

„Не можеме да останеме имуни на она што се случува во братската Србија. Полицијата користи законски методи и средства за да ги сопре насилните толпи, додека јавниот ред, безбедноста и човечките животи се во опасност“, објави министерството.

ПредходнаНе поминаа предлог измените на Изборниот законик
СледнаКритична е ситуацијата со пожарот во Пипери кај Подгорица