Најмалку три лица се убиени, а осум повредени во пукотница во клубот „Таст оф д Сити“ во Бруклин, Њујорк, соопшти денес полициската управа на Њујорк.

Пукањето се случило во населбата Краун Хајтс, изјави началникот на полицијата на Њујорк, Џесика Тиш, на прес-конференција, објави NBC News.
Во пукотницата учествувале повеќе напаѓачи, рече Тиш, додавајќи дека полицијата сè уште го истражува нападот и дека засега никој не е уапсен.
Меѓу загинатите се 27-годишен маж, 35-годишен маж и маж со непозната возраст, рече Тиш.
Осуммина од повредените се однесени во локалните болници и нивните животи не се во опасност, додаде таа.



