дома Магазин Дуа Липа не носи гаќи под проѕирниот сребрен фустан: Пејачката провоцира, а...

Дуа Липа не носи гаќи под проѕирниот сребрен фустан: Пејачката провоцира, а обожавателите ја опсипаа со лоши коментари

По повод својот 30 роденден, британската пејачка со албански корени Дуа Липа го покажала фустанот којшто го дизајнирала нејзина пријателка, но коментарите од следбениците не се баш позитивни.

Дуа Липа е позната по својот смел моден вкус, а за својот 30-ти роденден останала доследна на нејзиниот стил.

 

За таа прилика, нејзина блиска пријателка ѝ дизајнирала сребрен фустан којшто бил тесен и веднаш го привлекол вниманието. Креацијата има длабоки изрези кои се протегале од деколтето до колковите, а очигледно е дека под фустанот со длабоки изрези пејачката не носи долна облека.

Дуа Липа со гордост позира во овој фустан, а фотографиите ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм и јасно покажа дека не носи долна облека, со што дополнително го истакна својот препознатлив и провокативен стил.

– Мојата најдобра пријателка го направи овој фустан којшто „убива“, за уште една совршена ноќ. Сите вие да ѝ се заблагодарите на Џули – напишала пејачката, но коментарите под објавата биле навистина бурни.

„Изгледаш како диско топка во реален живот“, „Дали ти воопшто сакаш да носиш долна облека? Биди искрена“, „Срамота е што тетоважите ти изгледаат ужасно“, биле само дел од нималку ласкавите коментари.

 

ПредходнаОвие 10-минутни вежби се еквивалентни на еден час вежбање
СледнаДесетгодишна Британка стана најмлада шахистка која победила велемајстор