дома Македонија Политика И Левица ќе има кандидат за градоначалник на Скопје

И Левица ќе има кандидат за градоначалник на Скопје

Партијата Левица во нивен стил најави денес дека ќе има свој кандидат за градоначалник во Скопје и неговото име ќе го објават оваа недела.
„А, бе не ли ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!? Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на местото од овие рециклирани транзициски ликови кои се слуги на урбаната мафија? Затоа Левица оваа недела ќе го обзнани нашиот кандидат, а ваш сограѓанин, за градоначалник на Скопје“, напиша Левица на социјалните мрежи.
ПредходнаЕвропските индекси претежно паѓаат, цените на нафтата и златото растат, фокусот е на преговорите за УК
СледнаПаушалните сметки за струја пред Уставен суд