дома Магазин Како Хали Бери му одговори на нејзиниот поранешен сопруг

Како Хали Бери му одговори на нејзиниот поранешен сопруг

Минатата недела, една од најдискутираните теми на социјалните мрежи беше изјавата на еден од поранешните сопрузи на Хали Бери – Дејвид Џастис.

Поранешниот бејзбол играч изјавил дека една од причините поради неуспехот на нивниот брак е тоа што во тоа време (90-тите години на минатиот век) тој не ги видел во актерката оние работи за кои мислел дека жената треба да ги има.

“Таа не готвеше, не чистеше, не изгледаше мајчински”, беа некои од зборовите на Џастис, кои исто така предизвикаа многу лути реакции од луѓето на социјалните мрежи.

Неколку дена подоцна, Хали Бери го прослави својот 59-ти роденден и одлучи да му одговори на нејзиниот поранешен сопруг на многу добар начин. Актерката објави неколку фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм, на кои се гледа како е облечена во костим за капење на егзотично место и добро се забавува.

Директната шега со изјавите на Дејвид Џастис е во описот на постот. “Фу, готвење, чистење и мајчинство”, напиша Бери под споделените фотографии.

ПредходнаТрик за лесно да се провери дали маснотиите ја достигнале вистинската температура за пржење
СледнаЛеб од тиквички – брза и лесна опција за тесто