Пожар избувна во областа Ново Село на хрватскиот остров Брач околу полноќ синоќа, а гаснењето е отежнато од ветерот, соопшти денес Центарот за противпожарни операции на Сплитскиот округ.
„Ова е непристапен терен, па затоа рано утрово во гаснењето се приклучи и хеликоптер“, изјавија од противпожарниот центар за Хина.
На местото на настанот има 46 пожарникари со 15 возила.
Како што е објавено, пожарот не ги загрозил куќите, но пожарот што зафатил борова шума се разгорува од ветерот.