дома Магазин Путин му подарил мотоцикл на еден човек за време на неговиот престој...

Путин му подарил мотоцикл на еден човек за време на неговиот престој во САД

Жител на Анкориџ добил нов мотоцикл од рускиот претседател Владимир Путин за време на минатонеделниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во градот Алјаска, објави руската државна телевизија.

Вработен во руската амбасада во Соединетите Американски Држави му ги предал на човекот, Марк Ворен, клучевите од новиот мотоцикл „Урал“ на паркингот на хотелот во Анкориџ каде што престојувала руската делегација.

Новинарите од руската државна телевизија Канал 1 случајно го пронашле Ворен на улиците на Анкориџ пред самитот.

Го запреле и се восхитувале на неговиот мотоцикл, исто така „Урал“, чија оригинална фабрика е основана во 1941 година во тогашна Советска Русија.

Ворен му рекол на новинарот Валентин Богданов дека имал проблеми со добивање резервни делови за мотоциклот бидејќи фабриката за производство била „во Украина“.

„Ова е личен подарок од претседателот на Руската Федерација“, му рекол на Ворен вработениот во амбасадата Андреј Леденев.

Ворен, седокос маж на средна возраст, кого Ројтерс не можеше да го контактира за коментар, се гледа на објавата како се качува на својот нов мотоцикл, Леденев зад него, а друг маж во приколката.

„Разликата е огромна“, вели Ворен. „Ми се допаѓа мојот стар, но овој е очигледно многу подобар“.

„Немам зборови, неверојатно е. Ви благодарам многу“.

„Ако мене ме прашате, дали е добро ако го решат конфликтот тука во Алјаска, мислам на Путин и Трамп?“, го прашал новинарот Ворен.

„Да, тоа би било добро“, одговара тој.

Урал, кој е со седиште во државата Вашингтон во северниот дел на САД, вели дека сите негови мотоцикли се склопуваат во Казахстан.

Компанијата го повлече целото свое производство од Русија откако започна војната во Украина.

ПредходнаДесетгодишна Британка стана најмлада шахистка која победила велемајстор
СледнаНовиот Модел 3 на „Тесла“ доаѓа на пазарот