Полицијата во Белград денес приведе маж под сомнение дека околу 6:20 часот утрово фрлил запалива течност на влезот во Музејот на Југославија, дознава Танјуг.

Мал пожар избувнал пред Музејот на Југославија како резултат на фрлање запалива течност, кој бил изгаснат од страна на обезбедувањето.
Во пожарот нема повредени, а полициските службеници во моментов го истражуваат инцидентот.




