Грчката крајбрежна стража координираше операции во кои вкупно 165 мигранти беа спасени во изминатите 24 часа, објавија денес грчките медиуми.
Во операциите јужно од островот Гавдос, спасени се две групи од 58 и 68 мигранти, кои биле на чамци, објави Катимерини.

Во првиот случај, мигрантите биле подигнати од танкер со знаме на Малта, кој ги префрлил во Гавдос со помош на брод на грчката крајбрежна стража, додека втората операција била спроведена со учество на брод на ФРОНТЕКС и крајбрежната стража.
Покрај чамецот, синоќа биле спасени уште 39 мигранти, лоцирани 58 наутички милји јужно од пристаништето Каламата.
Тие биле спасени и со учество на брод на грчката крајбрежна стража и безбедно префрлени во пристаништето Каламата.




