
Во реонот на Јасен, во текот на вчерашниот и денешниот ден припадници на Командата за операции од воздух и копно учествуваат во гасење на шумскиот пожар, при што се исфлени 102 тони вода.
Како што објави Армијата на Фејсбук страницата, во рамки на воздушната интервенција со хеликоптер Ми-8МТ беа реализирани вкупно 46 водени исфрлања (ведра), со што беа испуштени околу 102 тони вода.
-Во гаснењето на овој пожар се вклучени и припадници на баталјонот на специјални сили „Волци“, кој во тесна координација со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ беа ангажирани на уредување на тешко прооден и стрмен терен со цел спречување на понатамошно ширење на пожарот, се наведува во објавата.

Од Армијата додаваат дека целата операција за локализирање и спречување на понатамошно ширење на пожарот се спроведува во соработка со Центарот за управување со кризи, а со цел заштита на населението, имотот и животната средина.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов во пладневната изјава информира дека денеска има шест пожари на отворен простор. Од нив само два се активни, останатите се изгаснати.




