дома Свет Балкан Автобус со српски туристи каменуван во Грција, двајца патници и возачот се...

Автобус со српски туристи каменуван во Грција, двајца патници и возачот се полесно повредени

Автобус со 38 српски туристи беше каменуван синоќа на автопатот Егнација, во близина на излезот за стариот државен пат Солун-Верија во Грција.

Според полицискиот извештај, инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, пишува Прототема.

Во нападот врз автобус полн со српски туристи кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења.

Двајца патници и еден од возачите се здобиле со полесни повреди, објавува „Катимерини“.
Полицијата привела две лица во врска со инцидентот, но досега не се пронајдени докази против нив, па затоа се ослободени.

ПредходнаНајголемиот саем за компјутерски игри во светот го урива сопствениот рекорд
СледнаKaĸo Pycиja изгyби eднa ceдминa oд cвojoт ĸaпaцитeт нa paфинepиja зa нeĸoлĸy нeдeли