дома Свет Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот во врска...

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот во врска со безбедносните гаранции за Украина

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат „лавовскиот дел“ од товарот на безбедносните гаранции за Украина.


Тој рече дека не мисли дека САД треба да „го носат товарот“ во овој поглед, туку да помогнат „да се запре војната и убиствата“ и дека американскиот претседател Доналд Трамп „очекува Европа да игра водечка улога“ во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина, објави Ројтерс.

„Без оглед на тоа каква форма ќе има тоа, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот“, рече Венс во изјава за Фокс њуз.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека американските трупи нема да бидат распоредени за да ја бранат границата на Украина според никакви безбедносни гаранции што би произлегле од мировниот договор за прекин на руската агресија против оваа земја.
Тој во интервју за „Фокс њуз“ рече дека европските сојузници се подготвени да ги испратат своите војници на терен во Украина како дел од безбедносната гаранција и дека САД се „подготвени да им помогнат во тоа“.

ПредходнаБлумберг: Европските лидери го разгледуваат предлогот на Мелони за безбедносни гаранции за Украина
СледнаХакери украле податоци од 850.000 белгиски телекомуникациски корисници