Соединетите Американски Држави распоредија амфибиска ескадрила во јужен Кариби како дел од напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се соочи со латиноамериканските нарко-картели, соопштија извори запознаени со планот.

Според нив, бродовите „USS San Antonio“, „USS Iwo Jima“ и „USS Fort Lauderdale“, со околу 4.500 војници, вклучувајќи 2.200 маринци, би можеле да пристигнат во близина на брегот на Венецуела уште во недела, објави Ројтерс.
Иако конкретните задачи не беа откриени, изворите рекоа дека распоредувањето има за цел неутрализирање на заканите за националната безбедност на САД од „нарко-терористичките организации“ во регионот.
Во февруари, администрацијата на Трамп го прогласи мексиканскиот картел Синалоа, други криминални групи, како и венецуелскиот Трен де Арагва за глобални терористички организации.