дома Свет Уганда постигна договор со САД за прифаќање на депортирани мигранти

Уганда постигна договор со САД за прифаќање на депортирани мигранти

Уганда постигна договор со САД за прифаќање на депортирани мигранти од трети земји, под услов да немаат криминално досие и да не се малолетници без придружба, објави денес Министерството за надворешни работи на земјата.


Во соопштението се вели дека „двете страни разработуваат детални модалитети за тоа како ќе се спроведува договорот“, објави АП.
Се додава дека за време на преговорите со САД, Уганда изразила желба депортираните во таа земја да бидат од африканско потекло.
Министерството соопшти дека договорот со САД е „склучен“.
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да депортира милиони имигранти кои нелегално влегле во Америка.

ПредходнаЦУК: Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово
СледнаForeign affairs: Русија сака да ги покори сите пет земји од Црното Море