дома Свет ФБИ: Хакери поврзани со Русија ја искористуваат ранливоста во стариот софтвер за...

ФБИ: Хакери поврзани со Русија ја искористуваат ранливоста во стариот софтвер за сајбер шпионажа

Хакери поврзани со руски единици за сајбер шпионажа во текот на изминатата година ја искористувале ранливоста во постарите верзии на софтверот на Cisco за да ги таргетираат илјадниците мрежни уреди поврзани со критичните инфраструктурни системи, соопшти денес Федералното истражно биро (ФБИ).


Според истражувачката единица Cisco Talos, хакерите што работат во рамките на Центарот 16 на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација масовно собираат податоци за конфигурација од мрежните уреди, објавува Ројтерс.
Како што наведуваат истражувачите Сара Мекбрум и Брендон Вајт во објавеното безбедносно предупредување, овие податоци подоцна можат да се користат во согласност со моменталните стратешки цели и интереси на руската влада.
Во посебна изјава, ФБИ соопшти дека во текот на изминатата година ги евидентирало активностите на хакерите што собрале конфигурациски датотеки од илјадниците мрежни уреди поврзани со американските субјекти во рамките на секторот за критична инфраструктура.
Во некои случаи, датотеките биле изменети за да се овозможи долгорочен пристап, што се користи за извидување во рамките на целните мрежи, со посебен интерес за индустриските контролни системи.
Телекомуникацискиот, високото образование и производствениот сектор во Северна Америка, Азија, Африка и Европа беа најпогодени.

Целите беа избрани врз основа на нивната стратешка важност за интересите на руската влада, се вели во извештајот.

Во март 2022 година, Министерството за правда на САД покрена обвинение против четири руски државјани од групата Центар 16 за незаконски активности насочени кон глобалниот енергетски сектор помеѓу 2012 и 2018 година.

ПредходнаНајмалку 81 Палестинец убиен од утрото во израелските напади врз Газа
СледнаСилна бура погоди делови од Истра