22 август 2025
Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во село Колибари, кичевско, загинаа две малолетни девојчиња.
Според полицискиот билтен, 15-годишна девојка од истото село, која управувала со четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, се наведува во соопштението.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.