дома Македонија Црна хроника Кривична пријава против скопјанец за производство и дистрибуција на детска порнографија преку...

Кривична пријава против скопјанец за производство и дистрибуција на детска порнографија преку апликацијата „Telegram“

22 август 2025

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 27-годишниот Ф.М. од Скопје поради производството и дистрибуцијата на детска порнографија, по добиени информации од германските власти за истрага поврзана со сексуална злоупотреба на деца преку апликацијата „Telegram“.

Со судска наредба, бил извршен претрес во домот на осомничениот, при што биле одземени докази поврзани со случајот. Од полицијата информираат дека осомничениот е приведен и задржан во Полициската станица Гази Баба.

Од Основното јавно обвинителство Скопј пак соопштија дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија

-Осомничениот, сега на возраст од 27 години, одреден период набавувал и поседувал фотографии и видео записи детска порнографија кои ги зачувал на својот мобилен телефон и таблет. Материјалите во форма на фотографии и видеа на кои биле прикажани очигледни полови дејствија со деца ги прибавувал од други лица преку различни интернет апликации, веб страници и форуми, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Со цел негово обезбедување во текот на постапката, јавниот обвинител предложил да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување во Судот, но и забрана да користи какви било интернет апликации на мобилни телефони и други уреди, како и забрана да одржува какви било контакти со лицата со кои преку интернет профили во странство разменувал детска порнографија.

ПредходнаГерманската економија неочекувано тоне длабоко
Следна„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор