дома Локално Саем „Денови на медот 2025“ – приказна за вкусот на природиот мед...

Саем „Денови на медот 2025“ – приказна за вкусот на природиот мед и традицијата во Македонска Каменица

Саем „Денови на медот 2025“ – приказна за вкусот на природиот мед и традицијата во Македонска Каменица

  Во организација на Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ денеска на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе се одржи Саемот „Денови на медот 2025“.

Од „Еко Кам Мед“ информираат дека манифестацијата има за цел да го промовира каменичкиот мед како чист, природен и квалитетен производ, создаден со многу љубов и труд во пчеларниците на нашите вредни пчелари. „Денови на медот“ е посветен на зачувување на пчеларската традиција и на подигањето на свеста за значењето на пчеларството во руралниот развој нашиот град Македонска Каменица и на регионот.

Саемот е поддржан од Општина Македонска Каменица и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во рамки на саемската програма ќе бидат изложени пчеларска и земјоделска опрема, производи од мед, здрава храна и традиционални ракотворби. Настанот нуди можност за вмрежување на производителите со потрошувачите, како и за размена на знаења, искуства и добри практики од областа на пчеларството.

Културно уметничката програма ќе биде збогатена и со настапите на играорци од Културно уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ – Македонска Каменица.

Предходна„Можеме да го направиме тоа“: Зборовите на Меркел сè уште одекнуваат и по 10 години
СледнаПриходите од туризмот во Грција во првата половина од годинава се зголемиле за 11 отсто