дома Македонија Општество Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Нашите деца не се статистичка бројка, бараме вистинска,...

Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Нашите деца не се статистичка бројка, бараме вистинска, целосна и праведна разрешница

  Оваа трагедија не е само црна хроника во вести, не е статистичка бројка. Тоа се 62 згаснати животи, 62 семејства во црнина, 62 иднини украдени за миг, порачаа родителите на починатите во несреќата што се случи во дискотеката  „Пулс“, попладнево на 19. протестен „Марш на ангелите“.

Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Нашите деца не се статистичка бројка, бараме вистинска, целосна и праведна разрешницаПоворката од родители и нивните поддржувачи ја поминаа предвидената маршута – од Паркот на револуцијата, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, Управата за јавни прихдои, зградата на полицијата, па се до Основниот суд од каде побараа овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави.

Семејствата на загинатите, како што самите рекоа, не бараат од државата  сочуство и празни зборови, туку вистинска, целосна и праведна разрешница.

 

Предходна21 лице хоспитализирани по автобуска несреќа во САД
СледнаНа граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава