дома Магазин Драма на летот на „Бритиш ервејс“! 20 патници исфрлени од авионот пред...

Драма на летот на „Бритиш ервејс“! 20 патници исфрлени од авионот пред да полета, пилотот рекол…

Околу 20 патници на „Бритиш ервејс“ морале на 11 август да излезат од авионот на аеродромот „Америго Веспучи“ во Фиренца, бидејќи авионот бил премногу тежок за полетување, пишува британскиот „Мирор“Причината е екстремната топлина која тој ден достигнала 35 степени Целзиусови во Италија, поради што воздухот беше поредок, па било потребно повеќе гориво за да се достигне висината на летот. Дополнителната тежина на горивото го намалила бројот на патници што можеа да се превезат.

Летот Ембраер ЕРј-190 требало да полета за Лондон Сити, но проблемот дополнително го отежнала и кратката писта на аеродромот, двојно пократка од онаа на лондонскиот „Гетвик“.

Еден патник им опишал на британските медиуми дека пилотот им објаснил дека е потребно да се намали оптоварувањето поради топлината и дека било најавено дека 36 лица ќе се симнат, но на крајот околу 20 од нив го напуштиле авионот.

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ се извини поради непријатностите, нагласувајќи дека екстремните температури влијаат на воздушниот притисок и капацитетот на авионите при полетувањето, особено на помалите писти.

„Нашите екипи работеа на тоа да се осигурат дека патниците ќе стигнат до своите дестинации што е можно побрзо“, објави компанијата.

 

ПредходнаЗошто Кејт Мидлтон секогаш има црна облека во нејзиниот багаж за одмор
СледнаВо август и во септември алергичните да се чуваат од амброзија