дома Македонија Црна хроника Истрага против 27-годишен скопјанец за поседување и дистрибуција на детска порнографија

Истрага против 27-годишен скопјанец за поседување и дистрибуција на детска порнографија

Според обвинителството, осомничениот во подолг временски период поседувал и разменувал фотографии и видеа со детска порнографија преку интернет апликации, веб-страници и форуми. Материјалите биле зачувани на неговиот мобилен телефон и таблет.

Истрагата е покрената по добиена информација од германската полиција, која идентификувала профил на апликацијата „Телеграм“ со телефонски број и ИП-адреса од Северна Македонија.

По наредба на Основниот кривичен суд – Скопје, извршен е претрес во домот на осомничениот, при што се пронајдени и одземени докази.

Ф.М. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба. Обвинителството предложи мерки на претпазливост, вклучително и забрана за користење интернет апликации и комуникација со лица со кои разменувал нелегален материјал.

ПредходнаВИДЕО! Принцот Хари ги покажа своите сурферски вештини во Калифорнија
СледнаПотпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, најостро го осуди денешниот инцидент на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа нападнати младински спортисти на фудбалски натпревар.