Норвешката влада ќе испорача системи за воздушна одбрана на Украина во вредност од речиси 7 милијарди норвешки круни (593 милиони евра), објави Ројтерс.

„Заедно со Германија, ќе обезбедиме Украина да добие ефикасни системи за воздушна одбрана“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе .
Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во нејзините напори да се одбрани и во нејзините обиди да го заштити цивилното население од руските воздушни напади, нагласи тој.
Норвешка и Германија ја финансираат испораката на два системи и ракети „Патриот“ во Киев. Норвешка е вклучена и во испораката на радар за воздушна одбрана произведен од германската компанија „Хенсолт“, како и системи за воздушна одбрана произведени од компанијата „Кенгсберг“.




