Косовските пратеници и денеска не успеаја да изберат претседател на Парламентот од тројцата предложени кандидати од Движењето Самоопределување. Поради тоа не се избрани потпретседатели и не е завршен процесот за конституирање на законодавниот дом.
И на денешната седница за претседател на Парламентот повторно беше предложен Хекуран Мурати, кој на минатата седница не доби потребен број гласови. Од 106 присутни пратеници денеска „за“ Мурати гласаа 55, „против“ – 46, а пет беа „воздржани“.
Ова беше 57-ми обид за конституирање на Собранието на привремените институции на Приштина, а следната седница е закажана за 26 август во 11 часот.
Денешната седница продолжи со 20 минути задоцнување, а претседателот Авни Дехари изјави дека во салата се присутни 106 пратеници и дека има кворум за продолжување на седницата.
Дехари го покани претставникот на Самоопределување да предложи кандидат за претседател на Собранието на привремените институции на Приштина.
Доника Гервала, во име на Самоопределување, го предложи Хекуран Мурати за претседател на Парламентот и ги покани пратениците да гласаат за него.
55 пратеници гласаа за овој предлог, 46 против, а петмина беа воздржани.
Потоа Хекуран Мурати ја предложи Арберија Нагавци, министерка за образование во техничкиот мандат.
55 пратеници гласаа за Нагавци, 47 против, додека четворица пратеници беа воздржани.
Нагавчи го предложи Димаља Баша, а 57 пратеници гласаа за него, 25 против и 24 воздржани.
Бидејќи ниту третиот предлог на Ветевендосје не доби доволно гласови, седницата беше прекината.
Ова беше трето продолжение на конститутивната седница по објавувањето на одлуката на Уставниот суд на 19 август, со која пратениците треба да го изберат претседателот на парламентот со јавно гласање во рок од 30 дена.
Уставниот суд, исто така, нареди дека истиот кандидат може да се гласа само три пати и дека сите пратеници мора да учествуваат на конститутивната седница и да гласаат.
Во продолжението на седницата одржана во среда, Ветевендосје, кое освои најмногу места, прво ја предложи Аљбуљена Хаџи, која претходно беше кандидатка за претседател на парламентот, но таа доби само 57 гласови, додека за избор на претседател на парламентот се потребни најмалку 61 глас.
Ветевендосје потоа ја предложи Доника Гервал, но и таа не доби доволно гласови.
Конститутивната седница на Собранието на привремените институции на Приштина започна на 15 април, а до 26 јули беа одржани 54 седници, за време на кои пратениците не успеаја да го изберат претседателот на Парламентот.
Кандидатот на Самоопределување, Албуљен Хаџиу, никогаш не го доби потребниот број гласови, а на почетокот на мај, Самоопределување предложи гласањето за претседател на Собранието да биде тајно, но овој предлог не беше прифатен.
На изборите одржани на 9 февруари, Самоопределување освои 48 места, Демократската партија на Косово 24, Демократската лига на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата Нисма осум, Српската листа девет, Партијата за слобода, правда и опстанок едно, а преостанатите 10 места им припаднаа на претставници на другите немнозински заедници.
Потоа за претседател на Парламентот беше предложена, предложена пратеничката и актуелна в.д. министерка за образование, Арбери Нагавци, кој исто така не го доби потребниот број гласови, бидејќи 55 пратеници гласаа „за“, 47 беа „против“, а четворица беа „воздржани“.
….




