Силен град ги погоди централна Словенија и главниот град Љубљана, областа Врхника и областа од Лог при Брезовици до населбата Бевке, објавија денес словенечките медиуми.

Според порталот Neurje.si, бурата започнала во сабота попладне, а силните ветрови корнеле покриви и кршеле дрвја, објавува РТВ Словеније.
Порталот Метеоинфо Словенија објави на Фејсбук дека градот бил со големина на орев, дека на некои места паднала голема количина што морала да се отстрани со лопати, а се верува и дека бурата предизвикала штети на земјоделските парцели.
Словенечката хидрометеоролошка служба објави дека времето ќе се стабилизира и дека денес ќе биде релативно сончево со утрински температури од 7 до 13 степени Целзиусови, со максимални 16 степени Целзиусови во словенечка Истра.




