дома Македонија Црна хроника Голема акција на Финансиска полиција: Претреси во Липково, Куманово и Желино

Голема акција на Финансиска полиција: Претреси во Липково, Куманово и Желино

viber sharing button

Голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино– претреси на повеќе локации, сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Во раните утрински часови полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси.  Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Неофицијалните информации говорат дека се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати кои се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра. Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

ПредходнаИзраел мора да се согласи на договор за заложници, вели началникот на израелската армија
СледнаМицкоски: Странски дипломати биле изненадени од заканувачката реторика на ДУИ, Филипче за ТВ 24 – Мицкоски е тој што сака да “лови “ во матно