дома Свет Зеленски им додели државни награди на странски претседатели и премиери

Зеленски им додели државни награди на странски претседатели и премиери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им додели државни награди на 143 странски државјани за нивниот значаен придонес во зајакнувањето на меѓународната соработка, поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, учеството во добротворни активности и промоцијата на Украина низ целиот свет, објави Укринформ.

Странците беа наградени со разни награди, вклучувајќи го Орденот на принцот Јарослав Мудриот, Орденот за заслуги, Орденот на принцезата Олга, Медалот за труд и победа и Крстот на Иван Мазепа, претседателско одликување.

 Меѓу одликуваните со Орден на принцот Јарослав Мудриот, прв степен, се претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, претседателот на Чешка, Петр Павел, Александар Стуб, претседател на Финска, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим Ал Тани – премиер и министер за надворешни работи на Катар, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, Дорин Речан – премиер на Молдавија, Јонас Гар Сторе – премиер на Норвешка, Дик Шоф – премиер на Холандија, американските сенатори Ричард Блументал и Линдзи Греам и Ендрус Кубилиус – комесар на ЕУ за одбрана и вселена.

За време на прославите на Денот на независноста на Украина, Зеленски им додели и на неколку други меѓународни партнери, вклучувајќи го и специјалниот претставник на САД во Украина, Кит Келог, со Орден за заслуги од прва класа, на шведскиот министер за одбрана, Пал Јонсон, со Орден за заслуги од прва класа и на германскиот амбасадор во Украина, Мартин Јегер, со Орден за заслуги од втора класа…

ПредходнаТешкиот чекан на демократијата
СледнаHaд 3 милиoни битĸoини ce „зaмpзнaти“ вo пocлeднитe 10 гoдини. Koja e пpичинaтa?