Воопшто не е исклучок тоа што актерите кои се среќаваат за прв пат на снимањето ја пренесуваат својата врска надвор од него. Во форма на пријателство или љубовна афера.
Последен пример се Памела Андерсон и Лиам Нисон, кои се запознале на снимањето на “Голи раце” и во моментов се пар. Но зар ова не е случајот со Зои Кравиц и Остин Батлер ?
Двајцата во моментов патуваат низ светот за да го промовираат нивниот заеднички филм “Фатени во кражба”. Криминалниот трилер го следи поранешниот бејзбол играч (Батлер) кој е вовлечен во опасниот криминален свет на Њујорк во 90-тите. Кравиц е Ивон – девојка со која започнува врска .

Зои и Остин со режисерот Аронофски (лево)
На крајот од минатата недела, филмот на Дарен Аронофски премиерно беше прикажан во Париз, а Остин и Зои беа забележани во популарниот Dragon бар во францускиот главен град во прилично интимна ситуација.
34-годишниот актер од “Дина: Втор дел” и 36-годишната актерка од “Бетмен” покажаа особено близок однос за време на целата промотивна турнеја на “Фатен кражба”, која се прикажува во кината на 29 август.

Остин и Зои на премиерата на “Фатени во кражба” во Лондон
Несомнено, прашањето дали двајцата се пар останува отворено за моментот. Зои Кравиц беше верена со Чанинг Татум , но двајцата раскинале во 2024 година , а Остин Батлер ја прекинал врската со Каја Гербер на крајот на истата година .