Претставници на меѓународната заедница биле загрижени за предизборната нарација на опозициската ДУИ која ја обвини власта и Премиерот Мицкоски за опасни изјави кои лесно може да доведат до етнички судири. Ова го тврди Премиерот Христијан Мицкоски…..
Пораките на ДУИ Мицкоски ги отфрли како неконструктивни и пораки кои припаѓаат на минатиот век……Порача – ако ДУИ не се во Влада не значи дека Албанците се маргинализирани.
Рече дека станува збор за нереформирана партија со криминално и коруптивно минато, чија цел е преку радикализација да бара симпатии кај јавноста.
Христијан Мицкоски – Претседател на Влада: „Јас не само што ја отрфлам пораката и она што го рефлектираше ДУИ како резултат на мојот говор при отворањето на овој фантастичен настан кој го орагнизираше ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку морам да признаам дека и голем дел од претставниците на меѓународната заедница во текот на вчерашниот ден ми се јавија и вчуодоневидени – нормално негативно ја коментираа онаа порака што доаѓа од ДУИ“.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи пак и денеска преку социјалните мрежи порача дека владата на Мицкоски со националистичка политика сака да ги врати позициите на Албанците од пред Рамковниот договор.
Бујар Османи – Портпарол на ДУИ: „Оваа политика на Мицкоски неретко ја гледаме како израз на неговиот личен карактер „ќе ги вадиме за уши“, „ќе им го покажеме местото“, но и во неговата професионална, или службена поставеност на отстранување на Албанците од концентричните кругови на неговото најтесно окружување: од неговиот личен Кабинет, преку најблискиот круг на административна поддршка во Владината зграда, па се до клучните Владини работни групи или во делегацијата на клучните работни посети каде или нема Албанци, или има по еден чија улога е маргинализирана“.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче пак за ТВ 24 изјави – не учествуваме во никакво предизборно сценарио за дестабилизација.
Од СДСМ остануваат на ставот дека изјавата на премиерот е потврда дека власта е во паника поради падот на поддршката и дека во недостиг на резултати Мицкоски посегнува по измислени сценарија и конструкции…
Венко Филипче – Претседател на СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ сакаа да ја избегнат сегашната ситуација со независните кандидатури тогаш заедно со нивните коалициски партнери требаше да си обезбедат Бадентерово мнозинство за да се изгласаат измените на Изборниот законик со кој ќе беше регулиран делот за прагот и останатите услови за независните кандидатури. Единствен некој кој сака да „лови во матно“ е токму Мицкоски.
Реториката на релација ВМРО-ДПМНЕ–ДУИ-СДСМ заостри вчера откако во говорот Премиерот го обвини опозцискиот блок на ДУИ и СДСМ дека подготувваат манипулација и хаос за време на изборниот процес.





