Американската пејачка Бритни Спирс повторно „дигна прашина“ на социјалните мрежи со својата најнова објава – фотографија на која е целосно гола.
Иконата на поп музиката позира со грбот свртен кон камерата, со кренати раце и поглед низ голем прозорец. Пејачката носи само црни чизми до колена, додека долгата руса коса ѝ паѓа по грбот. За да го цензурира својот задник, таа стратешки поставила емотикон во форма на мала роза.
Објавата немаше опис, а Спирс ги исклучи коментарите. Сепак, за десетина часа, фотографијата собра повеќе од 200.000 допаѓања.

Да потсетиме, Бритни Спирс неретко објавува содржина на социјалните мрежи со која го споделува своето секојдневие – од пеење и танцување, до пробување облека. Но, едно неодамнешно видео ги загрижи обожавателите особено.
На снимката, споделена на 18 август, Спирс е прикажана како танцува во голема, неуредна соба во нејзиниот дом и ја пее песната „Unfaithful“ на Ријана со делумно британски акцент. Во позадина се гледаат кучиња како трчаат, а во еден момент, на подот се гледа нешто што изгледа како кучешки измет.