дома Свет Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Сицилија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Сицилија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 06:07 часот во областа на Сицилија, Италија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).


Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот се наоѓал 151 километар западно од Палермо и бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ПредходнаЦрна Гора: Преговорите меѓу железничките работници и менаџментот не успеаја, штрајкот продолжува
СледнаСто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза – светицата на бедните