дома Култура Српскиот писател Видак Масловариќ добитник на годишната јнижевна награда „Златен прстен“

Српскиот писател Видак Масловариќ добитник на годишната јнижевна награда „Златен прстен“

Српскиот писател Видак Масловариќ добитник на годишната јнижевна награда „Златен прстен“

  Писателот Видак Масловариќ од Србија е годинашен добитник на традиционалната меѓународна книжевна награда за творечки опус и високи креативни дострели на книжевен план „Златен прстен“, што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

Масловариќ е роден во 1950 година. Тој е поет, романсиер, драмски писател, антологичар, книжевен критичар и есеист. Сега е актуелен потпретседател на Здружението на писателите на Србија и одговорен уредник на трибината Француска 7.

Меѓу досегашните добитници на наградата се: Милан Ѓурчинов, Владислав Бајац, Фиона Самсон, Момо Капор, Ферид Мухиќ, Петар Опачиќ, Борислав Павловски, Аднан Озер, Радомир Уљаревиќ, Светлана Христова Јоциќ, Јордан Плевнеш и други

ПредходнаДитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против ДИК за намалувањето на бројот на советници
СледнаЕвгениј Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш