дома Свет Балкан Црна Гора: Преговорите меѓу железничките работници и менаџментот не успеаја, штрајкот продолжува

Црна Гора: Преговорите меѓу железничките работници и менаџментот не успеаја, штрајкот продолжува

  Преговорите меѓу железничките работници во Црна Гора и менаџментот за зголемување на платите не успеаја, а штрајкот на работниците продолжува, додека Железничката инфраструктура ја започна постапката за наоѓање нови работници, изјави извршната директорка на компанијата Марина Бошковиќ.


Бошковиќ тврди дека работниците одбиле зголемување на платата од 300 евра, додека вработените го негираат ова и најавуваат продолжување на штрајкот, објави РТЦГ во понеделник.
Управата на Железничката инфраструктура ги повика обвинителството и полицијата да реагираат.
Неколкучасовните преговори меѓу диспечерите на возовите и диспечерите за сообраќај со управата на Железничката инфраструктура, репрезентативните синдикати и Министерството за транспорт на Црна Гора завршија без договор.
Група од 85 вработени во Железничката инфраструктура на Црна Гора – диспечери на возови, диспечери на ТК и диспечери за сообраќај, штрајкуваа во петок, поради, како што рекоа, многу ниски плати.
Тие побараа состанок со менаџментот за да разговараат за подобрување на условите за работа.

ПредходнаСветските лидери и медиумите го осудија израелскиот напад врз болница во Газа, во кој загинаа и новинари
СледнаЗемјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Сицилија