Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува можноста за номинирање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за претседател на републиката во 2027 година ,открива„Шпигел“,повикувајќи се на владини извори.
Меѓу можните кандидати се и претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер, министерката за семејни прашања, Карин Приен, и претседателката на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер.
Изданието потсетува дека Мерц не ја исклучува можноста за избор на жена за претседател на Сојузна Република Германија . Како одговор на релевантно прашање на 24 август за време на денот на отворени врати на германската влада, тој рече: „Би било добро“.
Урсула фон дер Лајен е на чело на Европската комисија од 2019 година, а во јули минатата година беше реизбрана за втор петгодишен мандат, односно до 2029 година. Шпигел забележува дека во случај на учество на претседателските избори во 2027 година, фон дер Лајен би изгубила повеќе од половина од својот мандат на чело на ЕК, а Германија – „најважната позиција на власт во Брисел“.
Во минатото, фон дер Лајен стана првата жена министер за одбрана во Германија, а потоа и првата жена на чело на Европската комисија.
Мерц може да номинира кандидат и за функцијата претседател од блокот на Христијанско-демократската унија/Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU).
Актуелен претседател на Германија е 69-годишниот Франк-Валтер Штајнмаер