дома Локално Пожарите во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф под контрола, други нема

Пожарите во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф под контрола, други нема

Нема активни пожари на отворен простор на територија на државава, според податоците до седум часот утрово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Ставени се под контрола се пожарите во општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени.

Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. На територија на селата Долгаец и Стровија, исто така, опожарена е мешана шума.

ПредходнаАнглија може да има шест милиони нови случаи на рак до 2040 година
СледнаПленумот на Филозофскиот факултет ја отфрли идејата за преодна влада