Подморници на руската и кинеската морнарица за прв пат спроведоа заеднички подводни патроли во водите на Тихиот Океан, објави денес прес-службата на Руската тихоокеанска флота.
„Подморници на руската морнарица и Народноослободителната армија на Кина за прв пат учествуваа во заеднички патроли во Азиско-пацифичкиот регион“, се вели во соопштението, објави РИА Новости.
Подводната мисија започна на почетокот на август, веднаш по завршувањето на заедничките руско-кинески воени вежби.
Клучните цели на заедничките патроли, според руското Министерство за одбрана, се зајакнување на соработката меѓу морнариците на двете земји, одржување на мирот и стабилноста во Азиско-пацифичкиот регион, следење на морскиот простор и заштита на објектите на поморската економска активност на Русија и Кина.
Исто така, се нагласува дека морнарите на двете земји редовно вежбаат маневрирање и меѓусебна координација за време на заедничките вежби.
Првото заедничко руско-кинеско поморско патролирање на бродови се одржа во 2021 година.