дома Култура Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“

  На 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција денеска, ќе се одржи светската премиера на филмот „МАЈКА“ (Mother) на Теона Стругар Митевска, соопшти Агенцијата за филм.

Филмот, како што се наведува во соопштениео, ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.

„МАЈКА“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.

Филмот, се наведува во соопштението, е копродукција на Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.

Официјалната премиера ќе се одржи денеска во 16:00 часот во Sala Darsena, во рамките на фестивалот во Венеција.

ПредходнаИзложба и филм на Киро Урдин и три нови документарни остварувања на „Докуникулци“ на 16. издание на „МакеДокс“
СледнаАнкета: Повеќето Французи сакаат распуштање на парламентот и нови избори