дома Свет Аргентинскиот претседател Хавиер Мили нападнат со камења за време на изборната кампања

Аргентинскиот претседател Хавиер Мили нападнат со камења за време на изборната кампања

Аргентинскиот претседател Хавиер Мили бил нападнат со камења за време на изборната кампања во близина на Буенос Аирес, додека демонстрантите протестираа против корупциски скандал во кој, според медиумските извештаи, е вмешана неговата сестра, Карина Мили.

Инцидентот се случи вчера во градот Ломас де Замора, 20 километри јужно од Буенос Аирес, кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења, растенија и шишиња кон возилото во кое патуваше претседателот, пишува Гардијан.

Мили, кој е кандидат на изборите во октомври, не е повреден и брзо е однесен од местото на настанот од страна на обезбедувањето.

ПредходнаГрчките државни службеници на 24-часовен штрајк против новиот дисциплински закон
СледнаФранција: Вработените трошат повеќе од своите приходи на здравствена заштита отколку пензионерите