На територијата на државава активни се три пожари и уште три се ставени под контрола информира Центарот за управување со кризи.

Активни пожари се пријавени во село Радобил, општина Прилеп, каде гори ниска вегетација и шума, во село Волино, општина Охрид, со пожар на ниска вегетација и во село Корошишта, општина Струга, каде гори ниска вегетација и стрниште.
Под контрола се ставени пожари во повеќенаменското подрачје Јасен во општина Македонски Брод (мешана шума), на планината Кожуф во општина Гевгелија (приземен пожар), и во село Кондово, општина Сарај (ниска вегетација).




