Колоректалниот рак, исто така познат како рак на дебелото црево, е еден од најсмртоносните видови на рак. Според здравствените експерти, развојот на овој “тивок убиец” е под влијание на различни фактори, вклучувајќи ги и оние поврзани со нашата исхрана. И поконкретно – недоволно внесување на влакна и прекумерна употреба на алкохол и кофеин.

За да се заштитиме себеси, важно е да се стремиме кон здрав начин на живеење, кој вклучува одржување на здрава тежина, редовно вежбање, избегнување на пушење и конзумирање на алкохол. И последно, но не и помалку важно, од особена важност е исхраната да биде разновидна и целосна.
Според една нова студија, постојат специфични видови на храна, поточно одреден вид на зеленчук, кои ни помагаат да се заштитиме од рак на дебелото црево. Кинеските научници кои го спровеле истражувањето откриле дека дневната конзумација на 40 до 60 грама крстоцветен зеленчук може да го намали ризикот од рак на дебелото црево за 20% до 26%.

Овие зеленчуци вклучуваат броколи и карфиол, зелка, бриселски зелки, кељ, ротквица, колераби, сенф за салата, рутабага, репка, крес, бок чој и рукола. Тие се богати со флавоноиди, влакна, витамин Ц и каротеноиди, кои можат да придонесат за превенција на ракот бидејќи делуваат како антиоксиданти. Ова значи дека го намалуваат оксидативниот стрес, кој може да ги оштети клетките и ДНК и потенцијално да доведе до развој на рак.
Соединенијата кои се содржат во овој зеленчук, исто така, можат да помогнат во намалување на воспалението. Познато е дека хроничното воспаление е поврзано со развојот и напредокот на неколку видови на рак.

За да ја постигнат врската помеѓу конзумирањето на крстоцветни зеленчуци и намалениот ризик од рак на дебелото црево, истражувачите прегледале 17 студии во кои биле вклучени речиси 640.000 учесници. Над 97.500 од нив имале рак на дебелото црево. Но она што научниците забележале е дека учесниците кои консумирале најмногу крстоцветен зеленчук имале 20% помал ризик од рак на дебелото црево, во споредба со оние кои консумирале најмала количина.
Сепак, со цел да се извлечат придобивките од крстоцветниот зеленчук, далеку не е потребно да се јаде огромна количина. Дури и само 60 грама дневно, што е еквивалентно на половина чаша, е доволно.
Овој зеленчук го подобрува крвниот притисок, го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во крвта, помага во варењето и детоксикацијата на црниот дроб и помага во одржување на добар вид.



