дома Македонија Црна хроника Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за...

Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари

Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари

   На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во државава, од слобода е лишен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3). Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лицето веднаш е преземено и изведено пред судија на претходна постапка кој му определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што  е спроведен во КПУ Куманово, информираат од Управата.

-Притворањето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица, како резултат на сложена предистражна постапка спроведена од страна на Управата за финансиска полиција, под раководство и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамки на акцијата беа преземени низа мерки и активности и беше обезбеден обемен доказен материјал, што резултираше со поднесување на кривична пријава против 13 физички лица и 10 правни лица, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари, прецизираат од Управата.

ПредходнаДневен хороскоп за 29 август: Денеска посветете ѝ се на љубовта
СледнаЕвропа има очаен план за мир. Дали Москва ќе го прифати?