дома Свет Балкан Ѓилас им пиша на европските претставници: Единствениот начин за решавање на кризата...

Ѓилас им пиша на европските претставници: Единствениот начин за решавање на кризата во Србија е предизборна техничка влада

Ѓилас верува дека само предизборна техничка влада може да подготви фер и демократски избори

Како што вели тој, најголемата криза во Србија овој век се заканува да ескалира во конфликти од пошироки размери

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, во отворено писмо до европските претставници и институции побара од нив активно да се вклучат во решавањето на кризата во Србија преку медијација и да спречат конфликти од пошироки размери, објави денес ССП.

– Единствениот начин за мирно и демократско решавање на политичката и социјалната криза е да се применат моделите што, благодарение на Европската Унија, се имплементирани во Северна Македонија и Црна Гора со предизборна техничка влада за подготовка на фер и демократски избори – наведува Ѓилас во писмото.

Тој истакна дека секое понатамошно свртување на главата и игнорирање, како што вели, на насилството и репресијата на режимот ја оддалечува Србија од нејзината европска иднина што нејзините граѓани ја заслужуваат.

Во писмо до членовите на Европскиот парламент, Европската комисија, Европскиот совет, претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, комесарот за проширување Марти Кос, високата претставничка за надворешна политика Каја Калас, Советот на Европа, ОБСЕ и европските социјалдемократи, Ѓилас изјави дека Србија е „во најголемата социјална и политичка криза на овој век, која се заканува да ескалира во конфликти од пошироки размери и крвопролевање“.

ПредходнаВучиќ: Изборите ќе се одржат пред уставниот и законскиот рок, тогаш кога надлежните органи ќе донесат одлука
СледнаВластите во Минеаполис велат дека напаѓачот во католичко училиште бил поранешен ученик