дома Локално Активистката Невена Георгиевска влегува во трката за градоначалник на Карпош

Активистката Невена Георгиевска влегува во трката за градоначалник на Карпош

Во трката за градоначалник на Општина Карпош се кандидира и  Невена Георгиевска, поддржана од независната граѓанска иницијатива „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, пренесува порталот pari.com.mk. Носител на советничката листа ќе биде Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.

Георгиевска веќе има искуство како советничка во Општина Карпош, каде влезе како носител на независната листа „Независни за Карпош“. Живее во Карпош 4 и жителите ја паметат како еден од најгласните активисти за заштита на зелените површини и парковите, борба што започна во 2015 година и имаше успешен епилог. Оттогаш нејзиниот активизам продолжува во рамки на „О2 Иницијатива“, „Ние сме Карпош 4“ и „Го Сакам Водно“.

 

 

По професија е дипломиран инженер по електротехника, информатика и автоматика (ЕТФ – Скопје) и 26 години работи во областа на развој на софтвер. За Георгиевска јавноста вели дека е страстен поборник за хуманото живеење и иницијатор на уставни укинувања на штетните урбанистички планови кои, како што вели, оставиле ненадоместливи последици врз животната средина и квалитетот на живот во Општината.

ПредходнаЕксплозијата во бројот на пријавени силувања во Европа. Што стои зад тоа?
СледнаЗемјата позната како “добро чувана тајна на Централна Азија”