Палестинската милитантна група Хамас во саботата ја потврди смртта на својот воен командант во Газа, Мохамед Синвар, неколку месеци откако Израел соопшти дека го убила во напади во мај, објави Ројтерс.

Хамас не даде детали за смртта на Синвар, но објави негови фотографии заедно со други лидери на групата, опишувајќи ги како „маченици“.
Мохамед Синвар беше помладиот брат на Јахја Синвар, водачот на исламистичката фракција кој беше еден од организаторите на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, а кој беше убиен од израелските сили во битка една година подоцна.
По смртта на неговиот брат, тој бил издигнат на највисоките чинови во групата.
Мохамед Синвар беше еден од најбараните лица како висок воен водач на терористичката група и помлад брат на нејзиниот покоен водач на групата, Јахја Синвар.
Потврдата за неговата смрт ќе го остави неговиот близок соработник Из ал-Дин Хадад, кој моментално ги води операциите во северна Газа, на чело на вооруженото крило на Хамас.
Потсетуваме дека Јахја Синвар го организираше нападот врз Израел во октомври 2023 година , што ја предизвика војната, а потоа беше прогласен за генерален водач на групата откако Израел го уби неговиот претходник, Исмаил Ханија, во Иран.




