дома Свет Балкан 48 лица уапсени во голема рација на островот Крит

48 лица уапсени во голема рација на островот Крит

На островот Крит е спроведена голема специјална операција насочена кон криминална група вклучена во трговија со дрога, оружје, изнуда и други кривични дела, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Man in handcuffs

Приведени се 48 лица. Откриени се и запленети различни количини канабис и кокаин, пиштоли, автоматски пушки и неколку возила.

Меѓу уапсените се еден полицаец и двајца припадници на вооружените сили, еден од морнарицата и еден од воздухопловните сили.

Истрагата беше покрената по инцидент со експлозивна направа насочена кон полицаец.

ПредходнаГолем пожар на Вардариште, Аеродром, дел од Центар и Гази Баба без струја
СледнаУрсула фон дер Лајен од Полска: Путин е предатор кој нема да се промени